Линдзи Вон: Федерер е мојата инспирација

Американската скијачка Линдзи Вон викендов го освои бронзениот медал во спуст, а својот успех го сподели со Роџер Федерер. Најдобриот тенисер на сите времиња викендов престојуваше во Сент Мориц и ги следеше трките од Свесткиот куп во скијање.

Во интервјуто за швајцараска телевизија Федерер изјави дека се чувствува малку необично на снегот, по високите температури на јануарскиот настап на Австралија опен.

„Овде ми е малку ладно. Малку е чудно за мене да седам овде на ладно“ , се пошегува Федерер.

Американскаат скијачка која го следеше финалето на Австралија опен меѓу Федерер и Надал, сега и во Сент Мориц уживаше во друштво со Федерер и со неговото семејство. Вон вели дека Федерер и е голема инспирација во животот и во кариерата.

Го сакаме она со што се занимаваме. Роџер го сака тенисот и работи напорно. Но, за разлика од многу спортисти, тој е скромен шампион. Сакам да бидам како него. Федерер ми е инспирација. Многумина велеа дека е стар за да освои уште еден гранслем, а тој се врати и триумфира во Австралија. Јас го сторив истото во Гармиш“ , изјави Линдзи Вон.

von ferderer

Се вчитува...