Лино Червар останува хрватски селектор, крај со Металург?

И покрај неуспехот на јануарското ЕП на кое Хрватска заврши на 5.место, Лино Червар останува селектор на хрватската ракометна репрезентација. Управниот добор на Хрватскиот ракометен сојуз денеска го прифатил извештајот на Червар и донел одлука за продолжување на соработката на искусниот тренер.

И во најавите за повлекување или смена на Червар, една од опциите што ги пласираа хрватските медиуми, беше тој да остане и да ги предводи „коцкестите“ во јунскиот бараж за СП 2019 против Црна Гора.

Одлуката на ХРС и продолжувањето на селекторскиот ангажман на Лино Червар во Хрватска, е интересен и поради дефинирањето на неговиот статус во Металург. Червар се уште е актуелен тренер на македонскиот вицешампион, во кој функцијата му е во мирување од октомври минатата година. Но, по добивањето на новиот селекторски мандат во Хрватска, веќе е извесно дека хрватскиот стратег нема да се врати во Автокоманда до крајот на сезоната. Деновиве се очекува тоа да биде и официјалчн о потврдено од раководството на Металург.

Се вчитува...