Лионел Меси со нова мајсторија ја спаси Барса од пораз… (ВИДЕО)

Лионел Меси ја спаси Барселона од пораз на гостувањето против Виљареал во 17. коло од шпанската Примера.

Каталонците беа пред пораз, откако домашните дојдоа до предност на почетокот од вториот дел со голот на Сансоне, но Лионел Меси со прекрасен гол од слободен удар донесе израмнување во 90. минута за конечни 1-1.

Lionel Messi Goal 1-1 Villareal vs Barcelona by enjoylivehdi

По ова реми, Барселона е се подалеку од трката за титулата. Барса со 35 бода е на третата позиција, со пет бода помалку од Реал Мадрид кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...