Ливерпул држеше час по фудбал во Порто

Ливерпул тргна по стапките на Манчестер сити, па по само еден натпревар со убедлива гостинска победа си го обезбеди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Црвените“ вечерва гостуваа во Португалија против Порто, тим што не знаеше за пораз на последните 24 средби пред своите гледачи, но кој беше растурен од страна на екипата на Јирген Клоп со преубедливи 0-5.

Играта на англискиот премиерлигаш функционираше беспрекорно, целосно контролирајќи го темпото и користејќи ги шансите што ги создаваше Ливерпул. Мане го отвори резултатот по слабата интервенција на голманот Са, а вториот погодок воедно беше и најубав момент на натпреварот. Топката по ударот на Милнер заврши во дирекот и стигна до Салах, Египќанецот одлично ја прими, со финта го „легна“ голманот на Порто, го исфрли и дефанзивецот пред гол-линијата, па ја затресе мрежата.

На Португалците не им преостана ништо друго освен целосно да се отворат, и ја платија цената за тоа. Контранападите на Ливерпул функционираа беспрекорно, па најпрвин Мане зголеми на 0-3, пред Фирмино да се запише меѓу стрелците за водство од 0-4.

Конечните 0-5 ги постави Мане, за својот прв хет-трик во кариерата во Лигата на шампионите

Се вчитува...