Ливерпул е во криза, Клоп нема одговор - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Ливерпул е во криза, Клоп нема одговор

Ливерпул е во криза, Клоп нема одговор

Ливерпул влегува во сериозна резултатска криза откако веќе четврти натпревар не знае за победа. „Црвените“ по поразот од Манчестер сити и нерешените средби со Севилја (ЛШ) и Барнли (Премиер-лигата), вечерва беа елиминирани и од Лига-купот на Англија, губејќи со 2-0 на гостувањето против Лестер.

Дел од тимовите не му даваат преголемо значење на ова натпреварување, Лестер настапи без Марез, Варди и Шмајхел, но Клоп се реши за релативно силен тим, предводен од Кутињо, Вајналдум, Окслејд Чембрлен и од капитенот Хендерсон. „Црвените“ беа подобри во првиот дел кога целосно доминираа, но не искористија неколку шанси. Ситуацијата целосно се промени кога Клоп на полувреме го замени Кутињо со младиот Бен Вудбурн, Ливерпул целосно беше исфрлен од ритам, а домаќините го искористија тоа и со головите на Оказаки и на Слимани стигнаа до победата.

Клоп ќе има многу работа за да ја корегира играта на својот тим до сабота, кога Ливерпул повторно му гостува на Лестер, овојпат во Премиер-лигата.

Елиминиран во третата рунда од лига-купот е и тимот на Стоук, кој загуби со 2-0 од Бристол сити, додека Рој Хоџсон ја забележа својата прва победа како стратег на Кристал палас, совладувајќи го Хадерсфилд со 1-0 со голот на Сако.


All Goals HD – Leicester 2-0 Liverpool 19.09.2017 by FootbalLivee

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.