Ливерпул го растури Вест хем, ЛШ е на дофат

Ливерпул направи огромен чекор напред кон настап во ЛШ во следната сезона откако тимот на Јирген Клоп дојде до триумф на клучното гостување против Вест хем, и тоа со убедлив резултат од 0-4. „Црвените“ одговорија на предизвикот, па дури и без повредениот Фирмино одиграа беспрекорно во нападот, каде Стариџ доби шанса во стартниот тим и веднаш се запиша меѓу стрелците, отворајќи го резултатот во првото полувреме.

Ливерпул имаше многу среќа во финишот од првото полувреме кога Ајув по корнер од левата странадва пати од три метри во рок од неколку секунди биеше само во дирекот од голот на Мињоле.

Гостите целосно доминираа во второто полувреме, кога со два брзи гола на Кутињо ги отстранија сите дилеми околу победникот, пред Ориги да ги постави конечните 0-4.

Ливерпул со оваа победа има предност од четири бода во однос на Арсенал, но и натпревар повеќе од „топчиите“. „Црвените“ во последното коло играат на домашен терен со Мидлсброу, па со победа над веќе испаднатиот ривал во најлош случај ќе завршат на четвртото место, без оглед на резултатите на Арсенал во последните два меча на тимот на Арсен Венгер.

Се вчитува...