Ливерпул ја одреди цената за Даниел Стариџ

Ливерпул е во потрага по наследник на Филипе Кутињо, но „црвените“ исто така ја разгледуваат и опцијата за заминување на уште еден квалитетен играч од „Енфилд роуд“. Станува збор за Даниел Стариџ, кој самиот инсистира да му биде дозволено да си замине, откако го загуби првотимскиот статус кај Јирген Клоп, а сака да има поголема минутажа за да се избори за место во англиската репрезентација за СП 2018.

Клоп не смета сериозно на голгетерот, давајќи му предност дури и на Соланке пред него, но германскиот стратег нема така лесно да го ослободи Стариџ од обврските, одредувајќи висока цена за неговите услуги. Како што јавуваат британските медиуми, 30 милиони фунти е сумата што Ливерпул ќе ја бара за Стариџ, позајмица не доаѓа во предвид, па на потег се клубовите кои во изминатиот период искажуваа интерес за овој фудбалер.

Саутемптон и Вест хем би требале да бидат во преден план во оваа трка, откако Евертон го ангажираше Турчинот Тосун, а како опции се споменуваат дури и италијанските прволигаши Интер и Милан.

Се вчитува...