Ливерпул прокоцка 0-3, Монако е елиминиран од ЛШ

Ливерпул повторно во свој стил направи „од готово вересија“, откако избраниците на Јирген Клоп не успеаја да ја задржат предноста од 0-3 на гостувањето во Севилја што ја имаа по првото полувреме на „Санчез Пизхуан“. Фирмино постигна два, а Мане еден гол за „црвените“, кои делуваа моќно во првите 45 минути, пред Бен Једер на самиот старт од вториот дел да намали на 2-3. Домаќините добија крилја, еднаш за затресоа и гредата на Кариус, а за еуфорија во Севилја се погрижи Пизаро, кој го постигна голот за израмнување во 93. минута.

Монако ланската сезона стигна до полуфиналето, но овојпат нема никакви шанси ниту за третото место во групата откако „кнезовите“ вечерва беа декласирани со 1-4 на домашен терен против Лајпциг. Жемерсон со автогол го најави дебаклот на ланскиот полуфиналист, по што Лајпциг одигра перфектни 45 минути и до крајот на полувремето поведе со 1-4, предност што можеше и дополнително да ја зголеми доколку искористеше некоја од шансите во вториот дел.

Реал Мадрид одигра импресивен меч на гостувањето на Кипар против АПОЕЛ, триумфирајќи со 0-6 и најавувајќи излез одд кризата во која падна со серијата слаби игри во Примера дивизион. Карим Бензема постигна два гола, во вториот дел два пати прецизен беше и Роналдо, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Модриќ и Начо. Борусија Дортмунд и по пет одиграни кола се уште е без триумф во ЛШ откако „милионерите“ вечерва загубија на домашен терен од Тотенхем со 1-2. Обамејанг прв ја доведе Борусија во водство, но слабата одбрана им овозможи на гостите од Лондон во второто полувреме да направат пресврт со головите на Кејн и на Сон.

Манчестер сити многу потешко од очекувањата славеше над Феенорд, триумфирајќи со 1-0 со голот на Рахим Стерлинг во 88. минута, меч на кој Пеп Гвардиола направи бројни ротации во стартниот тим во однос на екипата што доминираше на досегашните натпревари.

Второпласираниот Шахтјор загуби со 3-0 на гостувањето против Наполи, по евроголот на Инсиње и погодоците на Зиелински и на Мертенс.

ГРУПА Е: Спартак – Марибор 1-1, Севилја – Ливерпул 3-3.

Табела: Ливерпул 9, Севилја 8, Спартак 6, Марибор 2.

ГРУПА Ф: Манчестер сити – Феенорд 1-0, Наполи – Шахтјор 3-0.

Табела: Манчестер сити 15, Шахтјор 9, Наполи 6, Феенорд 0.

ГРУПА Г: Бешикташ – Порто 1-1, Монако – Лајпциг 1-4.

Табела: Бешикташ 11, Порто 7, Лајпциг 7, Монако 1.

ГРУПА Х: АПОЕЛ – Реал М. 0-6, Борусија Д. – Тотенхем 1-2.

Табела: Тотенхем 13, Реал М. 10, Борусија Д. 2, АПОЕЛ 2.

Се вчитува...