Лопетеги: Македонија е многу поважна за нас од тестот со Колумбијците

Шпанија едвај се спаси од пораз (2-2) против Колумбија на пријателскиот меч во Мурсија, но селекторот на „црвената фурија“, Хулен Лопетеги, смета дека за него е многу поважен квалификацискиот дуел против Македонија во Скопје, на 11 јуни. Најавува максимално сериозен приод на претстојниот меч против нашиот национален тим.

„Задоволен сум од карактерот што го покажавме во завршницата од натпреварот. Постигнавме гол за израмнување, се обидовме и да победиме. Имаше и грешки и слаби сегменти, но тоа е сепак нормално, посебно сега кога сезоната е веќе завршена. Заморот кај фудбалерите го чини своето. Но, претстојниот квалификациски меч против Македонија е за нас многу позначаен. Таму треба да бидеме на врвно ниво, и да ја исполниме целта, што нема да биде нималку лесно“, изјави Хулен Лопетеги.

Шпанија в недела (20.45 часот) ќе гостува на арената „Филип Втори“ на квалификацискиот дуел со Македонија во Скопје.

Се вчитува...