Лоренцо: Трансферот во Дукати ќе ја намали тензијата меѓу мене и Роси - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
28/03/2017 16:25
Фудбал
28/03/2017 15:53
Фудбал
28/03/2017 15:24
Фудбал
27/03/2017 19:58

Лоренцо: Трансферот во Дукати ќе ја намали тензијата меѓу мене и Роси

Лоренцо: Трансферот во Дукати ќе ја намали тензијата меѓу мене и Роси

Од девет сезони кои досега ги мина како возач во кралската класа на мотоциклизмот, Хорхе Лоренцо седум од нив ги помина како цимер на Валентино Роси во гаражата на Јамаха. Првите две сезони откако беа заедно, Роси стана светски шампион, а во 2010 Лоренцо ја освои првата од трите свои титули во МотоГП.

Во 2011 година Роси возеше за Дукати, а по две сезони повторно се врати во Јамаха. Сега ситуацијата е обратна, Лоренцо е тој што ќе вози за Дукати додека Роси остана во Јамаха. Трансферот е одлична прилика за возачите да го поправат својот однос и да ја намалат тензијата, смета Лоренцо.

„Замислете, да имате два петли во кокошарник, колку смешно и да звучи. Целта на сите возачи е да ги победат останатите, а кога се обидеувате да го победите тимскиот колега кој има иста машина како вас се создава тензија. Нормално е тоа, без разлика за кој возач станува збор. Кога возите за друг тим е многу полесно и има помалку тензија. Таков беше и случајот кога Валентино потпиша за Дукати. Нашиот однос многу се поправи и сигурно повторно тоа ќ се случи сега откако јас потпишав за друг тим“ – вели Лоренцо.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.