Ловќен со амбициозен проект, Канатларовски останува тренер!?

Од раководството на Ловќен, и покрај испаѓањето од Првата црногорска лига, најавуваат амбициозен проект во следната сезона за брзо враќање во прволигашкото друштво повторно под палката на поранешниот македонски селектор, Драган Канатларовски.

Иако изминативе денови се спомнуваше враќање на Канатларовски во српскиот суперлигаш Спартак Суботица, сепак црногорските медиуми пренесуваат дека македонскиот стратег и следната сезона ќе остане во Ловќен како желба на раководството клубот веднаш да се врати во елитата.

Од Ловќен најавуваат и изградба на долго најавуваниот стадион во Цетиње, како и дополнителна инвестиција во тимот и во инфраструктурата, со што тимот би ги добил сите можни услови за две до три години да може да атакува и на самиот врв во Првата лига на Црна Гора.

Се вчитува...