ЛШ: Челси без проблеми со Карабах, Бенфика падна во Москва

Англискиот првак Челси немаше никакви проблеми да слави на гости во Азербејџан против Карабах и победи со убедливи 0-4, со што и дефинитивно го осигура пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Останува само прашањето дали ќе го освои првото или второто место во групата Ц.

Работата за тимот на Антонио Конте ја олесни Садигов, кој заработи црвен картон во таборот на Карабах во 19.минута, а Еден Азар од пенал погоди за 0-1. Вилијан го постигна вториот гол за Челси на овој меч, по што беше јасно дека Англичаните ќе остварат нов убедлив триумф.

Цеск Фабрегас стрелаше од пенал за 0-3 во 71.минута, а во завршницата Вилијан уште еднаш се запиша во листата на стрелците.

ЦСКА Москва оствари значајна победа над Бенфика од 2-0. Шеников беше стрелец на првиот гол за „армејците“,  а потоа Жардел си постигна автогол, па бодовите останаа за рускиот тим.

Се вчитува...