ЛШ: „Наполитанците“ налетаа на Реал, „топчиите“ на Баерн, а ПСЖ - на Барса! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 12:10
Ракомет
16/01/2017 13:01
Ракомет
16/01/2017 9:51
Ракомет
15/01/2017 23:03

ЛШ: „Наполитанците“ налетаа на Реал, „топчиите“ на Баерн, а ПСЖ – на Барса!

ЛШ: „Наполитанците“ налетаа на Реал, „топчиите“ на Баерн, а ПСЖ – на Барса!

Европскиот првак Реал Мадрид ќе ги одмери силите против Наполи во осминафиналето на Лигата на шампионите. Најголемо внимание секако предизвикуваат дуелите меѓу Баерн Минхен и Арсенал, како и ПСЖ и Барселона. „Топчиите“ немаа многу фајде што завршија како првопласирани во својата група. Налетаа на германскиот првак Баерн Минхен. Но, второпласираниот во истата група, ПСЖ, можеби има и уште потешка задача, ќе игра против Барселона.

gulit zdreb

Бенфика ќе ја има за ривал Борусија Дортмунд, Порто ќе ги одмери силите со Јувентус, а Севилја која досега беше мајстор за освојување на Лигата на Европа, ќе го Лестер за противник на стартот од нокаут фазата во ЛШ. Како што е познато, ждребот за оваа фаза беше полудиригиран, така што не можеа да се сретнат екипи од иста држава.

Првите мечеви се 21/22 февруари, а реваншите на 7/8 март идната година.

ЛШ двојки, осминафинале

Манчестер сити – Монако

Реал Мадрид – Наполи

Бенфика – Борусија Дортмунд

Баерн Минхен – Арсенал

Порто – Јувентус

Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид

ПСЖ – Барселона

Севилја – Лестер

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.