ЛШ: Трилер без победник во Загреб, ПСЖ во финишот го скрши Целје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
21/10/2017 19:15
Ракомет
21/10/2017 18:28
Коментари
20/10/2017 19:35
Фудбал
19/10/2017 21:31

ЛШ: Трилер без победник во Загреб, ПСЖ во финишот го скрши Целје

ЛШ: Трилер без победник во Загреб, ПСЖ во финишот го скрши Целје

Загреб и Висла Плоцк одиграа фантастичен натпревар што заврши без победник (28-28) во групата од ЛШ во која се наоѓа и Вардар. Во дуелот со бројни пресврти се чинеше дека Мандалиниќ ја донесе победата на хрватскиот шампион со гол на помалку од 30 секунди до крајот. Сепак, гостите од Полска стигнаа до заслужен бод со голот на Зубиќ во самиот финиш.

ПСЖ повеќе од 50 минути се мачеше да го скрши отпорот на Целје, на крајот триумфирајќи со 32-27. „Светците“ имаа проблеми да ја оправдаат фаворитската улога поради одличното издание на словенечкиот првак, кој на девет минути до крајот имаше негатива од еден гол (27-26), но потоа до крајот само еднаш беше совладан домашниот голман за заслужена радост за францускиот првак.

Сагосен и Генсхајмер со по седум гола придонесоа за триумфот на ПСЖ, додека Млакар со десет погодоци беше најефикасен во гостинскиот табор.

ТАБЕЛИ ПО ПРВИТЕ 4 КОЛА ОД ЛШ

Група А: Вардар 7, Барселона 7, Некар Левен 6, Пик Сегед 5, Нант 3, Загреб 2, Висла 1, Кристијанштад 1.

Група Б: Веспрем 8, ПСЖ 6, Фленсбург 5, Брест Мешков 4, Кјелце 3, Алборг 2, Кил 2, Целје 2.

Група Ц: Скјерн 6, Горење 6, Шафхаузен 4, Елверум 4, Адемар Леон 2, Динамо Букурешт 2.

Група Д: Монпелје 8, Мотор 5, Бешикташ 4, Спортинг 4, Металург 3, Чеховски медведи 0.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.