ЛШ за жени: ЖФК Истатов доби 11 „парчиња“ од Стјарнан

Македонскиот првак Истатов запиша и втор убедлив пораз во 2. коло од групата во квалификациите за Лигата на шампионите која се игра во Осијек.

По поразот во првиот натпревар од 7-0 од домашниот Осијек, фудбалерките на Истатов денеска загубија од првиот фаворит во групата Стјарнан со 11-0.

Во последниот натпревар од групата, во 3. коло на 18. август во Винковци, за ЖФК Истатов останува уште дуелот со КИ.

Се вчитува...