‘Лудилата’ на Нејмар: Ги чинеше 222 милиони евра, a си игра со скршена нога! (ВИДЕО)

На ѕвездата на ПСЖ дефинитивно не му е досадно во животот. Кога не ги пополнува насловните страни, се труди максимално да го привлече вниманието на медиумите на сите други начини.

Минатата недела ја „згрози“ јавноста со имитирањето на Стивен Хокинг во количка, а сега повторно се најде во центарот на вниманието на прославата на роденденот на сестрата на својата девојка, манекенката Бруна Маркезине.

На својот Инстаграм профил објави снимка како танцува со една нога и со оперираната нога во заштитната чизма, без никаква загриженост од евентуална нова повреда.

@neymarjr rompiendo con el #xchallenge te amo papá

A post shared by NICKY JAM (@nickyjampr) on

Како што е познато, Нејмар повредата на стапалото ја заработи на мечот на ПСЖ против Марсеј на 25. февруари а опериран е една недела подоцна.

Се вчитува...