Лудило на „Пољуд“: Голманот Летица постигна гол за триумф во 96.минута

Неверојатен натпревар на „Пољуд“ одиграа Хајдук Сплит и Истра во хрватското првенство, а вистинска драма се случуваше во последните мигови од мечот. Голманот на сплитските „били“, Карло Летица, во 96.минута постигна гол и донесе триумф за својот тим од 3-2. Гостите имаа водство од 1-2 на овој меч, но Хајдук Сплит во супер-драматичен финиш сепак стигна до победа. А голманот е веќе на радарот на Реал Мадрид…

Се вчитува...