Лудница: Хамбургер си го зеде и автобусот во составот за мечот против Баерн Минхен

Баерн Минхен е огромен фаворит на денешниот натпревар од Бундес-лигата против Хамбургер на „Алијанц арена“, а тоа го знаат и гостите. Тие се обидоа на шеговит начин да го претстават мечот. Па така, во составот на Хамбургер, покрај сите фудбалери, вброен е и тимскиот автобус.

Ова секако алудира дека Хамбургер ќе се брани со стратегијата „автобус“ пред голот. Оваа тактика ја специјализираше Жозе Мурињо, но секако ја употребуваат сите аутсајдери кога се обидуваат да останат непоразени на натпреварите против посилните тимови.

Се вчитува...