„Луфтханса“ му се налути на Баерн: Отсега во авион само со купен билет!

Германскиот првак Баерн Минхен е во незавидна положба откако ги наруши односите со авионската компанија „Луфтханса“. Германската авиокомпанија се најде увредена, откако раководството на бундеслигашот потпиша договор за меѓуокеански летови, за патување на турнеите на Далечниот Исток и во САД, со „Катар Ервејс“, и веднаш го раскина договорот со Баерн Минхен.

Проблем за баварскиот клуб е тоа што „Катар Ервејс“ нема летови во вратрешноста на Германија, а Баерн Минхен не сака на натпреварите од германскиот шампионат да патува со автобус или со воз. Сепак, од „Луфтханса“ веќе добиле порака дека нема веќе да патуваат бесплатно, односно согласно спонзорски договор, со оваа авиокомпанија. Отсега, секој аионски лет ќе мора да си го платат по комплетна цена.

 

Се вчитува...