Луис Енрике го замени фудбалот со планински велосипедизам

Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, оваа сезона е надвор од фудбалот и навистина ужива во благодатите што му ги нуди животот. Тој има едно големо хоби, вози велосипед, и тоа го прави профи. Енрике се натпреварува на трките во планински велосипедизам, а овие денови замина за Јужна Африка, каде од 18. до 25.март ќе учествува на трката „Кејп Епик“.

Трката се одвива во седум етапи, а велосипедистите треба да минат 658 километри, со 13.530 метри планинско искачување, што секако бара голема физичка подготвеност. Но, Луис Енрике веќе подолго време се занимава со овој спорт и подготвен е за сите искушенија.

Се вчитува...