Луис Енрике „контра“ Пике: Најлесно е да се „плаче“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31
Ракомет
27/04/2017 21:15
Ракомет
27/04/2017 21:02

Луис Енрике „контра“ Пике: Најлесно е да се „плаче“

Луис Енрике „контра“ Пике: Најлесно е да се „плаче“

Жерар Пике си создаде лоша навика по секој слаб резултат на Барселона вината да ја бара кај арбитрите. Судиите побараа дисциплинска постапка против дефанзивецот, а страстите се обдие да ги смири тренерот на Барса, Луис Енрике, признавајќи дека Пике не е во право со честите коментари.

„Неприфатливо е клуб како Барселона да се жали на судиите. Најесно нешто е да се „плаче“ и да се бараат изговори. Ако се случуваат работи за кои сметате дека не се фер, постои начин на кој се реагира. Критиките кон судиите не се вистинскиот начин. Секој има право на свое мислење, но јас како тренер и луѓето од управата сме со ист став – да најдеме начин да реагираме и да излеземе од кризата. Се надевам дека Пике нема да биде казнет за своите изјави“ – изјави Луис Енрике.

Барселона утре го игра реванш натпреварот од Копа дел реј, бркајќи негатива од 2-1 по поразот на првиот дуел со Атлетик Билбао.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.