Луис Енрике: Ни треба еден гол, вториот ќе го постигне „Камп ноу“, а третиот ќе следи сам од себе

Барселона утре ќе брка негатива од три гола против Јувентус, но според Луис Енрике ниту една задача не е невозможна мисија за каталонскиот гигант. По чудесниот пресврт против ПСЖ, Енрике е оптимист дека нешто слично може да се случи и на утрешниот реванш со „старата дама“, иако планот му е амбициозен и оригинален.

Ние сме Барселона и ако некој може да даде три гола за три минути, тоа сме ние. Ни треба само еден гол, потоа вториот ќе го постигне „Камп ноу“ со пеколната атмосфера. Третиот ќе следи сам од себе. Целта ни е да постигнеме пет гола, да одиграме фанатично се до последниот свиреж, се до 95. минута. Атмосферата во тимот е добра, зборуваме за работите што сме ги постигнале во минатото и што треба да направиме сега за да стигнеме до нов успех“ – изјави Луис Енрике на денешната прес-конференција.

Добра вест за тренерот на Барселона е што Хавиер Маскерано се опорави од повредата и ќе биде во комбинација за утрешниот реванш, а во тимот сигурно ќе се врати и Серхио Бускетс, кој го пропушти мечот во Торино поради суспензија.

Се вчитува...