Лук Мба а Муте, име што ќе стои во аналите на НБА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Лук Мба а Муте, име што ќе стои во аналите на НБА

Лук Мба а Муте, име што ќе стои во аналите на НБА

Крилниот играч на Хјустон, Лук Мба а Муте, забележа највисок индекс на корисност во НБА натпревар во последните 20 години. Во победата на Хјустон против Денвер (125-95), Камерунецот имаше индекс 57, со што го надмина постигнувањето на Џо Смит од 2001 година со индекс 52 во дресот на Минесота.

Мба а Муте постигна 13 поени (5/5 од игра, 3/3 од три поени) дополнето со по три скока и три украдени топки за 26 минути поминати на терен. Додека камерунскиот кошаркар беше на терен, Хјустон имаше неверојатни 96-36 со дури 97,8 процентна реализација.

Ме шокира тој податок кога го видов, но тоа, сепак е заслуга на целиот тим. Добро ги извршуваме работите, па секој поединец изгледа подобро на теренот“ – изјави Мба а Мута.

Камерунецот има 31 година и беше 37.пик на драфтот во 2008 година од страна на Милвоки. Во својата кариера во НБА лигата, Мба а Мута играше и за Сакраменто, Минесота, Филаделфија и за ЛА клиперс, а летово потпиша едногодишен договор со Хјустон, вреден 2,2 милиони долари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.