Лука Модриќ е новата „десетка“ во Реал

Реал Мадрид ја докажува довербата во Лука Модриќ така што Хрватот од сега ќе ја носи 10-ката на грбот. Со заминувањето на Хамес Родригез во Баерн, бројот „10“ остана без сопственик, а каков би бил Реал Мадрид доколку во составот немаат ѕвезда која ќе биде доследна на бројот. Можеби фановите ова лето очекуваа да пристигне нов „галактико“ во тимот, кој евентуално би го носел бројот кој досега беше во вопственост на Хамес,  но и вака можат да бидат задоволни знаејќи дека Модриќ е вистински „војник“ на теренот кој толку многу придонел за клубот откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.

Од 1994 година осум фудбалери ја носеле 10-ката во Реал Мадрид: Мајкл Лаудруп, Кларенс Сидорф, Луис Фиго, Робињо, Весли Снајдер, Ласана Диара, Месут Озил и до пред скоро Хамес Родригез.

Останатите фудбалери и натаму ќе се придуржуваат до броевите кои досега ги носеле, со тоа што новите засилувања, Тео Ернандез и Дани Себалјос  ќе ги носат броевите 15, односно 24.

 

Се вчитува...