Лука Модриќ на суд, обвинет за лажно сведочење - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/06/2017 20:52
Фудбал
28/06/2017 19:50
Кошарка
28/06/2017 17:44
Тенис
28/06/2017 15:08

Лука Модриќ на суд, обвинет за лажно сведочење

Лука Модриќ на суд, обвинет за лажно сведочење

Лука Модриќ се соочува со сериозни законски проблеми во Хрватска откако Судот во Осијек реши да отвори истрага против асот на Реал Мадрид поради наводно лажно сведочење. Модриќ требаше да биде еден од клучните сведоци на обвинителството во случајот против Здравко Мамиќ, но на изненадување на хрватската јавност тој при сведочењето минатата седмица на клучните прашања одговараше со „не се сеќавам“, иако неполна година претходно при првичниот исказ конкретно наведуваше детали околу потпишаните договори и анекси со кои Мамиќ и неговото семејство се здобиле со значителна материјална корист.

Само за потсетување, Модриќ потпишал анекс според кој наместо 23 милиони евра од трансферот во Тотенхем да одат на смета на Динамо, половина од таа сума заминала на сметката на самиот фудбалер, кој потоа ги вадел „во готово“ од банките ширум Хрватска и им ги предавал на членовите на семејството Мамиќ.

Обвинителството во Осијек незадоволно од „амнезијата“ на капитенот на фудбалската репрезентација денеска објави дека покренува постапка против него.

Општинското државно обвинителство во Осијек отвори истрага против хрватскиот државјанин роден 1985 година, за постоење основан сомнеж дека при давањето на исказ направил казнено дело – давање лажен исказ од членот 305 од Казнениот законик. Постои основан сомнеж дека на 13 јуни 2017 во Општинскиот суд во Осијек, при расправата против првообвинетиот хрватски државјанин (роден 1970), иако претходно беше предупреден дека какоо сведок е должен да ја кажува вистината, тој невистинито искажал дека анексот на договорот за професионално играње го потпишал во 2004 година. Откако му беше укажано дека претходно во исказ за Бирото за разбивање на корупција навел дека таков анекс е потпишан во 2015  година, тој никогаш не потенцирал дека анексот на договорот е потпишан дополнително“ – се вели во дел од соопштението на Обвинителството.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.