Лука Циндриќ е број 1 во Европа за месец јуни

Лука Циндриќ апсолутно заслужено се закити со признанието најдобар европски ракометар за месец јуни, во изборот што го организира ЕХФ. Хрватот стигна до оваа награда благодарение на извонредните настапи во дресот на Вардар, помагајќи му на македонскиот клуб да се искачи на тронот на Лигата на шампионите. Тој го постигна клучниот гол за победа во полуфиналето со Барселона, а потоа беше и меѓу најзаслужните за победата во големото финале против ПСЖ.

Горд сум што новинарите на ЕХФ ме избраа за играч на месецот, тоа е голем чекор напред за мене и мотивација за уште подобри игри во иднината. Момент како оној во Келн се доживува еднаш во животот, секако дека чувството беше специјално, а мене лично ме прави уште погладен за нови успеси во кариерата“ – изјави Циндриќ.

„Вардарци“ очекувано доминираа при гласањето за месец јуни, па така зад Циндриќ на второто место се најде голманот Арпад Штербик, а третопласиран е Вуко Борозан, кој покрај добрите игри за македонскиот првак успеа и да ја одведе Црна Гора на ЕП 2018.

За најдобра европска ракометарка за месец јуни избрана е Анита Горбич, пред Тамара Мавсар и Михаела Хрбкова.

  

Се вчитува...