Лука Циндриќ го има најубавиот гол во ЛШ за 2017 (ВИДЕО)

Ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ го има најубавиот гол за 2017 во Лигата на шампионите, според изборот што го направи Европската ракометна федерација.

ЕХФ ги објави најдобрите 30 гола постигнати во 2017 година во натпреварите од ЛШ, а на врвот на листата е победничкиот  погодок на Циндриќ против Барселона во полуфиналето на Ф4 во Келн што на Вардар му донесе историски пласман во финалето на ЛШ.

Во изборот на најдобрите голови што ја одбележаа 2017 во ЛШ, се најдоа и погодоци на Алекс Душебаев, Тимур Дибиров и голот на Иван Чупиќ во финалето против ПСЖ. А во избраните голови е и „летечкиот погодок“ на Дејан Манасков за Веспрем.

Се вчитува...