Лукајиќ: Мора да научиме да ги победуваме овие натпревари

Новиот предводник на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ вели дека на неговата екипа недостасуваше течност во нападот во моменти кога се одлучуваше средбата. Секако дека не може да биде задоволен од исходот иако МЗТ скоро цел меч го имаше резултатот во своја корист.

„Изгубивме „добиен“ натпревар. Прво што ми текна е што имавме 18 изгубени топки, со тој учинок тешко е да победиме. Се виде енергија, желбата за победа исто така. Имавме и добра хемија во поголем дел од мечот, но мора да научиме да ги победиме ваквите натпревари. На крајот ни недостасуваше течност во нападот. Не успеавме да нападнеме таму каде што сакавме, мора играчите да сфатат дека треба да превземат одговорност. Надворешните играчи речиси и да немаа шут од дистанца во завршницата. Морнар за разлика од нас имаше играч кој може да реши натпревар, Нидман го одлучи мечот во тие круцијални моменти“, истакна Лукајиќ.

Лукајиќ посочи и еден проблем со кој се соочуваат „металци“, тоа е недостигот на доволно тренинзи, но вели дека ги чека напорна работа во следниот период со цел да не се повторуваат вакви натпревари.

„За мене проблем е што имаме мал број на тренинзи, играме на два фронта, натпревар по натпревар. За да воспоставиме некоја рутина во нашата игра мора повеќе да работиме со времето кое ни е дадено за тренинг, јасно е дека не чека многу работа“, додаде Лукајиќ.

Се вчитува...