Лукајиќ: Не сум лут што загубивме, туку што пак игравме „меко“

МЗТ Скопје претрпе уште еден преубедлив пораз во АБА-лигата, а Жељко Лукајиќ го продолжи трендот по секој неуспех изговорот да го бара во пристапот на неговите играчи, проблем за кој како тренер тој самиот треба да најде решение.

„Не можевме подобро од ова вечерва, честитки до Будуќност на добрата игра. Имаме чудна навика да губиме „меко“, затоа сум лут, не за поразот, туку поради таквиот пристап. Му посакувам на Будуќност многу среќа во финишот од сезоната, овој тим е главен фаворит за титулата заедно со Црвена звезда, не гледам трет тим“ – изјави Лукајиќ на прес-конференцијата во Подгорица.

Капитенот Дамјан Стојановски е свесен дека пред него и соиграчите e тешка задача да се консолидираат пред клучниот дел од сезоната и битката за трофеи на домашната сцена.

Честитки до Будуќност за заслужената победа, ние одигравме лошо во одбраната, посебно во бранењето на „пик ен рол“ акциите на домаќините. Оптоварени сме со повреди, но моравме да одиграме подобро. Ни претстои жестока работа, мораме да исправиме многу детали, пред нас сега е домашното првенство“ – изјави Стојановски.

 

Се вчитува...