Лукајиќ со деби-победа за МЗТ, на „тренингот“ со Кожув

Жељко Лукајиќ ја забележа својата прва победа како тренер на МЗТ Скопје, сосема очекувана на гостувањето против „фенерџијата“ Кожув со убедливи 52-80. Овој меч му послужи како тренинг на Лукајиќ за да се обиде да го воигра тимот пред претстојниот предизвик во АБА против Партизан, со оглед на фактот дека победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Кожув беше дополнително ослабен со заминувањето на Американецот Хил, а МЗТ го искористи тоа за веќе во првата четвртина да стигна до двоцифрена предност (9-22). На одмор се замина со дваесет поени предност на шампионот (20-40), во ист ритам се одигра и третата четвртина, за Кожув сепак да ги доби последните десет минути со минимални 16-14, за конечни 52-80 и шеста победа во деветтиот домашен натпревар за бранителот на титулата.

Лалиќ постигна 14, а Симоновски и Мајсторовиќ по десет поени за МЗТ Скопје, во чии редови сите кошаркари се запишаа меѓу стрелците во Гевгелија. Најефикасен кај Кожув беше Мишковиќ со 12 поени.

Се вчитува...