Левче Китевски го оживува нишки Железничар по примерот на Металург

Поранешниот претседател на Металург, Левче Китевски, по заминувањето од Автокоманда, влегува во нов ракометен проект, но овој пат во Србија. Китевски како претставник на спонзорксата групација БСИЕ стои зад оживувањето  на нишки  Железничар. Во интервјуто за ракометниот портал „Balkan-handball“, Китевски го претставува новиот проект во кој се вклучени уште неколку добро познати имиња на македонската ракометна јавност како поранешниот тренер на Металург, Јошко Петковиќ сега ангажиран на клупата на Железничар и поранешниот ракометар на Металург, Иван Шмигиќ во улога на директор на клубот. Намерата е искуството со успешната приказна во Металург да се преслика во Ниш и некогаш славниот Железничар, одново да се врати на ракометната мапа.

Од минатиот ноември сум во Белград и работам за групацијата БСИЕ, која сака да го помогне спортот во Србија во соработка со градските челници на Ниш. Мојот дел беше да го препознаам и да го претставам Ниш како вистински ракометен центар со голема традиција. После одредени разговори со челниците на градот решивме заедно да го вратиме Железничар на старите патеки на слава. Клубот беше практично мртов. Канцеларијата беше запуштена и запечатена со трофеите и историјата на РК Железничар, во нив не затекнавме ниедна топка, маичка или дрес на клубот. Буквално тргнавем од  нула. Соо моите 17 години поминати во Металург не можа да кажам дека бев исплашен, туку повеќе, затекнат од таквата ситуација“ – вели Китевски.

Железничар доби вајлд-вајлд карта за настап во српската Супер лига, а после првите пет кола, Јошко Петковиќ и нишкиот тим се на врвот на табелата со четири победи и едно реми.

Мојот апел е луѓето што израснале и што овде стекнале афирмација, да се вратат во својот дом – Железничар, бидејќи тоа е нивен клуб. Мое е да помогнам со искуството заеднички да го вратиме клубот и да го поставиме на здрави нозе. Секој почеток е тежок и затоа ја се држев до својот принцип и секогаш ќе се држам додека тоа носи резултати. Тренерот е најважната карика за секој успех заедно со луѓето од клубот. Јошко Петковиќ го познавам долго и многу добро, работевме заедно во Металург. Неговиот квалитет, кариера и успеси ми се добро познати, а Железничар е негов клуб. И тоа беше главна причина за нашата соработка. Иван Шмигиќ беше четири години во Металург добро го познавам и како човек и како ракометар. Комуникативен, добар карактер, добро се снаоѓа во новата позиција и веќе неколку години е во српскиот ракомет како тим менаџер. Не можам да кажам дека е зрел за менаџер, но со моја помош мислам дека добро ќе плива и во директорските води“ – истакнува Левче Китевски.

Во интервјуто за „Balkan-handball“, тој се осврнува и на своето змаинување од Металург како и на актулените состојби во кои се наоѓа тимот од Автокоманда.

„Десет месеци сум надвор од клубот. Искрено не знам и не би сакал да зборувам за тоа што се случува во Металург, медиумите сешто пишуваат. Не знам која е вистината, знам само дека Металург ми е во срцето и не му посакувам лоша судбина. Тоа многу би ме погодило бидејчи навистина го сакам тој клуб. Металург треба ми биде и мене и на сите други пример како се стигнува до врвот. Го водев клубот и кога имаше и кога немаше пари. Тоа искуство не се плаќа со пари“ – истакнува Китевски, додавајќи дека голема улога во издигнувањето на клубот на професионално ниво имало доаѓањето на Лино Червар, но пред се поддршката од спонзорот Минчо Јорданов.

За раздеблата со тиомот од Автокоманда вели дека било на „коректен начин“.

„Не би прецизирал ништо околу тоа, да се докажувам. Тоа ние го знаеме, драго ми е што заминав на коректен начин и што секогаш за Металург и за Минчо Јорданов ќе се сеќавам и ќе зборувам во суперлативи. Моите и амбициите на клубот во тоа време не одеа во иста насока и тоа беше вистинската причина за нашата разделба. Оние што тоа го претставија на друг начин, времето ќе покаже дали биле во право. Многу научив од газдата, од Лино, од поранешниот претседател и потпретседател на клубот. Се профилирав како човек, функционер и спортски менаџер. Сега учам од новиот газда. Не размислував да работам во ракометот по моето заминување од Металург, живеам на релација Скопје-Белград-Ниш и многу размислувам во кој правец да оди мојот пат, тука е работата семејството и Железничар. Засега само контролирам и помагам. Сакам да го стабилизираме клубот, да поставиме стандарди како што имаше Металург, како што имаат Вардар, Загреб, Целје…“ – истакнува Левче Китевски од својата нова позиција.

фото: Balkan-handball.com

Се вчитува...