„Магичниот“ Азар повторно си „поигруваше“ со ВБА

Челси се опорави по двата последователни порази во Премиер – лигата со сигурна победа над ВБА со резултат од 3-0 на „Стемфорд бриџ“. „Сините“ втор пат сезонава слават голем триумф над екипата на Алан Пардју, по оние 4-0 „Ховторнс“, а со вкупно 16. победа сезонава pravat чекор погоре на табелата, сега се четврти со 53 бода.

Белгиецот го донесе првото славје за домаќините во 25. минута, на Конте му падна „камен од срце“, бидејќи неговиот тим не го започна најдобро мечот. Мозес зголеми na 2-0 во 63. минута, а Азар со својот втор гол на средбата ги постави конечните 3-0.

Се вчитува...