Магија на Жиру за молк на „Маракана“

Ниту преполната „Маракана“ и фантастичното бодрење од трибините не им помогна на фудбалерите на Црвена звезда да останат непоразени на дуелот со Арсенал, откако српскиот вицешампион по огромна битка беше поразен со 0-1.

Отпорот на „црвено-белите“ беше скршен во самиот финиш, кога Оливие Жиру со прекрасен гол со „ножички“ во 85. минута го најде патот до мрежата на домаќините, за трет триумф во низа на „топчиите“ во групната фаза од Лигата на Европа.

Се вчитува...