„Магијата“ на Фирмино потсети на Фаулер (ВИДЕО)

Ливерпул вчера ја прекина доминтната серија на Манчестер сити од 22 натпревари без пораз во Премиер – лигата, во еден од најдобрите мечеви одиграни годинава. Во голеадата видовме дури седум погодоци (4-3), а еден од најубавите го постигна напаѓачот на „црвените“ Роберто Фирмино.

Всушност, целата одиграна акција на играчите на Ливерпул потсети на голот кој го постигна Роби Фаулер против Манчестер јунајтед во 1995 година. Екс-голгетерот на Ливерпул го „лобуваше“ Питер Шмајхел и го замолкна „Олд трафорд“, додека Бразилецот на идентичен начин го совлада Едерсон и го запали „Енфилд“ за водство од 2-1 против „граѓаните“.

Се вчитува...