Мајстории на Нејмар за триумф на Барса со Јувентус… (видео)

Барселона на крилјата на одличниот Нејмар успеа да го совлада Јувентус со 2-1 во рамките на Интернационалниот куп на шампионите во САД.

Две различни полувремиња беа презентирани на синоќешниот натпревар. Првото кое мина во тотална доминација на Барселона, и второ во кое Јувентус ги „поврза конците“ и успеа да стигне барем до посебен погодок.

Најпрво Пако Алкасар асистираше за Нејмар за водство од 1-0, а потоа во 26. минута повторно Нејмар со вистинска мајсторија успевајќи да измами неколку фудбалери од последната линија на Јувентус постигна одличен погодок за 2-0.

Јувентус почесниот погодок го постигна преку Кјелини во 62. минута, кој најдобро се снајде по изведениот корнер…

All Goals & Highlights – Juventus 1 – 2… by ZidaneHD

Се вчитува...