Мајсторија на Коларов: Под живиот ѕид во мрежата на Аталанта

Рома стартуваше со победа во новата сезона од Серија А, откако „волчицата“ успеа да дојде до цел плен на тешкото гостување против Аталанта.

Aлександар Коларов беше стрелец на победничкиот гол, откако српскиот дефанзивец велемајсторски го изведе слободниот удар, шутирајќи ниско по земја под играчите од живиот ѕид кои скокнаа да го блокираат неговиот обид.

Аталанта во вториот дел беше далеку подобра, во финишот го погоди и дирекот преку Иличиќ, но домаините сепак не успеаја да постигнат погодок и да избегнат пораз на отворањето на новата сезона.

Kolarov Goal – Atalanta 0-1 AS Roma 20.08.2017 by gooooooooooal

Се вчитува...