Мак-баскетот не може без проблеми и инциденти (Фотогалерија)

Интересот за натпреварите од македонското кошаркарско првенство никогаш не бил помал, но еве и во една таква ситуација повторно бевме сведоци на немили сцени, инциденти и прекини.

Мечот Работнички – Карпош соколи почна, но не заврши денеска, откако официјалните лица решија да стават крај на навиките во „Градски парк“ да се „тушираат“ гостинските играчи и тренери од страна на навивачите, или пак кон нив да следи „рафал“ од тврди предмети. Точно е, сме биле сведоци и на далеку понемили сцени во салата што за многумина е „храм на кошарката“, но од Работнички треба да бидат искрени и да признаат дека во неа веќе извесно време не постојат елементарни услови за играње на кошарка.

МКФ и комесарот згрешија при самиот старт, давајќи зелено светло за настап уште на почетокот од сезонава, па сега кога влогот станува голем (пласман во финалето) се обидуваат да воведат мир во арена каде тоа е речиси невозможно.

Жално е што мак-баскетот не може да мине без проблеми и инциденти, па наместо за кошаркарско надмудрување, мораме да дебатираме за тоа кој е виновен за немилите случки и дали тие воопшто можат да се спречат и да се „исечат во корен“.

И секоја година сме сведоци на слични ситуации, се менуваат клубовите и салите, но не и навиките, кои прераснуваат во „рак рана“ на овој спорт.

[new_royalslider id=”620″]

Се вчитува...