Макаби го отпушти Сони Вимс

Макаби донесе одлука за прекин на соработката со еден од најдобрите свои кошаркари, Сони Вимс, откако поранешниот играч на ЦСКА Москва одби да се појави на допинг тест. Вимс беше доведен како суперзасилување на стартот од сезонава, не ги оправда очекувањата со своите игри, а незадоволството кулминираше по неговиот непрофесионален однос кога и покрај предупредувањата не се појави на закажаниот допинг тест.

Макаби го отстрани Сони Вимс од својот ростер. По низата на настани кои доведоа до оваа одлука, официјалната потврда беше одложена за денеска“ – објави израелскиот кошаркарски гигант.

Со раскинот на договорот Вимс останува посиромашен за 1,5 милиони евра, кои ќе ги добиеше доколку останеше во Макаби до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...