Македонија е 133-та на ФИФА листата, а има 64-та најсилна лига во светот

Според многумина малку релевантноста има во фудбалските рејтинг листи кои се нудат на светско ниво, па дури и кога се во прашање и оние на двете водечки светски фудбалски институции ФИФА и УЕФА – освен нивното значење за поставување на репрезентациите пред ждрепка за големите натпреварувања… Но, без сомнение, се секогаш интересни за чиста компарација до каде сте во „развојот“ и „билдање“ престиж со соседите, ривалите, конкурентите…

Македонија, по двете победи над Лихтенштајн и Белорусија, на репрезентативен план значително напредуваше од 166. место на 133. место на ФИФА листата, иако и тоа се уште е премногу далеку од пласманот кој го очекуваат и посакуваат домашните фудбалски љубители. Но, интересно, според Интернационалната федерација за фудбалска статистика и историја (ИФФХС), Македонија има 64-та најсилна лига во светот за 2016 година.

Согласно анализата, која се темели на тоа колку репрезентативци играат во националните лиги, колку странци, колкави се буџетите на клубовите и какви се резултатите на тимовите од лигата на меѓународната сцена, Македонија е меѓу најдобрите 80 лиги во светот (на 64. место) од анализирани вкупно 175 национални првенства.

Во европски рамки, од 54 земји, Македонија има 36-та лига по квалитет. Од оние земји кои се пред нас на ФИФА рејтинг листата за репрезентации, на листата на ИФФХС, Македонија е пред лигите на Унгарија, Литванија, Исланд, Летонија, Грузија или Грузија…

Според ИФФХС, најсилна лига во светот за 2016 година е шпанската Примера, пред Колумбија, Франција, Германија, Аргентина, Англија, Бразил, Италија, Белгија и Турција… Колку е сето ова издржано проценете сами.

Се вчитува...