Македонија гази, „збришани“ и Швајцарците

Кошаркарската репрезентацијата на Македонија ја оствари втората победа во претквалиикацискиот циклус за ЕП 2021, на домашен терен Швајцарија беше позарена со високи 83-68. Иако воведните минути не ветуваа ваков позитивен исход, Македонија го искористи присуството на домашните навивачи, и направи голем чекор кон местото кое води во главните квалификации за Евробаскетот 2021 година.

Нашата селекција имаше проблеми при стартот на средбата, во почетните минути ниту нападот, ниту одбраната не фунцкионираше според планот. При негатива од 11-6, Давитков беше приморан да повика тајмаут по само шест минути игра, а по краткиот одмор нашите репрезентативци се разбудија, па со серија од 8-0 ја превзедоа иницијативата на мечот, додека првиот период ни припадна со резултат од 18-12. Во продолжението од првото полувреме и двете репрезентации беа поофанзивно расположени, но Швајцарија имаше подобар почеток. Нивната серија од 11-3 за само три минути одново ја врати неизвеноста, па до крајот на периодот се играше кош за кош, со тоа што Македонија на паузата замина со минимални 38-36, иако четвртината заврши во корист на гостинската селекција (24-20).

mkd-suisse (3)

Одморени по паузата, нашите кошаркари го најдоа својот ритам па оние минимални +2 од првото полувреме  за четири минути станаа и +10, до тогаш највисоката предност на Македонија. Американецот Хендрикс беше иницијаторот на оваа предност со 8 поени во третата четвртина, додека Караџовски и Дамјан погодија по една тројка во последната минута, па Македонија веќе имаше комотни +15 (66-51), кои требаше само да се задржат во последниот период. Конечно одбраната проработе во последниот период во нашата селекија, по пет изминати минути Швајцарија едвај постигна четири поени. Успеавме да го освоиме и последниот период, по реализираната втора тројка на Ѓуроски со истекот на нападот на три минути до крајот, Македонија избега на +20 и веќе почна да ја слави победата.

makedonija -s (15)

Четири наши репрезентативци остварија двоцифрен број на поени, а најмногу се истакна Хендрикс со 16 поени, со тоа што  му недостасуваше еден скок за дабл- дабл учинок. Стајиќ и Ѓуроски застанаа на 11, Дамјан на 10 поени. Млаѓан и Дубас беа најефикасните кошаркари во составот на Швајцарија со 23, односно 14 поени.

 

Се вчитува...