Нова Македонија за сечиј мерак: Дон Раул го потопи Исланд

Македонија ја забележа втората победа во квалификациите за ЕП 2018, откако во извонреден натпревар го совлада Исланд со резултат . Селекторското деби на Раул Гонзалес мина одлично, шпанскиот стратег не само што ја доби тактичката битка со Свеирсон, туку и покажа верба во речиси сите играчи кои максимално му се оддолжија на довербатаа. Борко Ристовски имаше фантастичен камбек на голот, Кире Лазаров одигра извонредно во нападот, а кога ќе им се додадат и одличните Миркуловски и Стоилов, како и младите Талески и Кузмановски, неслучајно го совладавме големиот ривал и во ситуацијаа кога Дејан Манасков ниту еднаш не се запиша меѓу стрелците.

Мечот го почнавме со Митков во одбраната во зоната 6-0, но Палмарсон го реализираше првиот напад на гостите. Митков стартуваше и како крило во нападот, со само едн ротација на стартните седум (Миркуловски за Велко Маркоски) крај Кире Лазаров, Миркуловски, Талески, Стоилов и Георгиевски, со Борко Ристовски на голот.

Исланд имаше и 0-2, а првиот гол на Македонија беше дело на Филип Талески. Ристовски набрзина забележа две интервенции, по што со пеналот на Кире Лазаров изрманивме на 2-2. Борко влезе во ритам, одбран и зицер на Гунарсон, по што Стоилов донесе прво водство на „црвено-жолтите“. Во 11. Минута Борко Ристовски ја забележа и петтата интервенција, Манасков од контранапад не беше прецизен, а веднаш потоа и Митков не реализираше, пропуштајќи можност да зголеми на „плус три“ при резултат 7-5. Сепак, заслужената позитива ја стигнавме во 12. Минута, кога Манасков „украде“, а Кире Лазаров со својот препознатлив шут од контранапад зголеми на 8-5.

IMG_2207

На половина од полувремето во дефанзива влего Нелоски и Кузмановски на местото на Стоилов и на Талески. Во нападот Пешевски го замени Стоилов, а Кузмановски заигра на лев бек наместо Талески и веднаш го постигна својот прв гол за водство од 9-6. Буквално се во нашата игра функционираше беспрекорно, па по новиот пенал на Кире Лазаров за водство од 11-7 гостинскиот селектор побара тајмаут.

Во 22. минута накратко во игра влезе и Гоце Георгиевски на местото на Митков, како и Филип Лазаров на позицијата лев бек. Со голот на Кире Лазаров, негов осми во полувремето поведовме со 15-11, но потоа примивме два брзи погодоци со кои Исланд се приближи на само два гола разлика (15-13).

Второто полувреме го почнавме со наш напад, Палмарсо веднаш заработи исклучување, но Дејан Манасков промаши зицер од крилната позиција. Гостите погодија преку Гунарсон, но на спротивната страна со својот прв гол возврати Гоце Геогриевски, кој го стартуваше второто полувреме. Исланд влезе во ритам, па гостите во 35 минута израмнија на 16-16 со голот на голманот Гунарсон, по несмасната интервенција на Филип Талески.

Проблемите во играта беа очигледни, а кога гостите и поведоа преку Карасон (16-17) Раул Гонзалес беше принуден да побара тајмаут.Ристовски одбрани во клучен момент запирајќи ја серијата на гостите, по што Георгиевски израмни на 17-17. Проблемите се зголемија по второто исклучување во вториот дел за Миркуловски, по кое Палмарсон лесно го проигра пивотот Кристјансон за 17-18.

Тогаш проработе македонскиот инает, па набрзина постигнавме два гола преку Стоилов и Кузмановски, за ново водство на нашата селекција од 19-18.

DSC_0190

Неколку напади по ред и одбраната функционираше како што треба, на спротивната страна Стоилов им создаваше огромни проблеми на гостите, па по неговиот изнуден пенал Кире Лааров повторно донесе „плус три“ за Македонија (22-19), а исландскиот селектор мораше да земе минута одмор за да се обиде да ја консолидираа играта на својата репрезентација. Во следниот напад Исланѓаните добија пенал, но на голот застана Никола Митревски, кој ја запре серијата од пет сигурни реализации на Сигурдсон.

На половина од второто полувреме имавме прдност од 22-19, но најпрвин Лазаров биеше високо над гредата, за потоа на спротивната странна Сигурдсон да изнуди пенал, воедно и исклучување на Георгиевски. Филип Талески блесна кога беше најважно потигнувајќи два гола со кои ја одржувавме разликата од три погодоци (24-21). Следната акција ја реализираше Стоилов, воедно и изнудувајќи две минути казна за Гудмундсон. Таа предност не ја искористивме, но потоа Стоилов изнуди ново исклучување (овојпат на Атласон), па Лазаров со својот десетти гол (втор од пенал во второто полувреме) зголеми на 26-23. И повторно предноста од играч повеќе не беше искористена, па Исланд по грешката на Филип Лазаров од контранапад стигна на само еден гол разлика (26-25).

Миркуловски погоди во вистински момент, а потоа Георгиевски изнуди пробивање, за Кире Лазаров со голот број единаесет да донесе огромни „плус три“ (28-25) на четири минути до крајот. Кога најмногу требаше, Ристовски одбрани зицер на Арнасон, по што во „Борис Трајковски“ почна да се слави големата победа. Во следната минута Ристовски му застана на патот на Сигурдсон, по што остана само дилемата околу конечната разлика. Миркуловски постигна уште еден гол, Борко стави точка на својот извонреден камбек со одбранет пенал, пред Талески да ги постави конечните 30-25, за извонредна победа на нашата селекција.

Кире Лазаров со 11 гола беше најефикасен во нашите редови, Талески постигна пет, а Миркуловски и Стоилов по четири погодоци, додека Ристовски го заврши мечот со извонредни 17 интервенции.

Се вчитува...