Македонија ќе биде домаќин на елитните квалификации за У-19 во март

Фудбалската федерација на Македонија ја доби организацијата на елитните квалификации на групата 2, па Елиф Елмас и другарите ќе имаат одлична шанса пред својата публика да се борат за нов голем успех и пласман на Европското првенство во Финска.

Македонија ги доби за противници европскиот првак Англија, Унгарија и Летонија во групата 2 во оваа елитна рунда, а мечевите повторно ќе се играат на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Термините се 21, 24 и 27 март идната година.

Репрезентацијата до 19 години оствари максимални три победи во перетквалификациите, победувајќи ги селекциите на Белгија, Швајцарија и на Лихтенштајн.

elitni 19

Се вчитува...