Македонија ќе има своја фан-зона и во Вараждин (фото)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Ракометарите денеска отпатуваа за Вараждин, а покрај нив од Загреб се упатија и главните организатори на „фалангата“, кои успеаја во својата намера – наоѓајќи нова одлична локација за собиралиште на македонските навивачи и во градот домаќин на нашите натпревари во втората фаза од ЕП 2018.

Откако имаше фантастично собиралиште за своите фанови во „Роко“ во Загреб, Македонија ќе  има сопствена фан-зона и во Вараждин, и тоа во центарот на градот. Точната адреса е „Капучински трг 10“, на одлична локација, но и со голем простор што ќе може да собере огромен број на Македонци на едно место.

Исто како и во Загреб, така и во Вараждин за забавата ќе се погрижат Амир и Ивица, а забавата в недела, пред дуелот со Шпанија, ќе стартува во 17 часот.

Се вчитува...