Македонија на 74. место на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 74. место на најновата ранг-листа денеска објавена од стана на ФИФА. „Црвено-жолтите“ во изминатите триесетина дена не одиграа ниту еден натпревар, но сепак забележаа пад од една позиција, прескокнувајќи ја Замбија, но и беа минати од страна на Узбекистан и Палестина.

Од противниците што ги добивме во групата од Лигата на Нации, Ерменија се наоѓа на 91. позиција на најновата ранг-листа, Лихтенштајн се задржа на 182. позиција, додека Гибралтар се наоѓа на делба на последната позиција, заедно со селекциите на Тонга, Сомалија, Еритреа, Бахамите и Ангуила.

Во Топ 10 репрезентациите нема никакви промени, па така Германија останува на врвот пред националните селекции на Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Се вчитува...