Македонија нема ниту еден клуб во најмладите 100 во Европа: Хрватска со 7, Словенија – 6, Србија -5!

Институтот за студии во спортот од Нојшател изминатиот период спроведе големо истражување на тема „Кои се најмладите екипи во Европа“ земајќи ги во предвид тимовите од најсилните шампионати во сите европски земји.

И, согласно анализите, издвојувајќи ги најмладите 100 екипи во Европа, заклучокот е дека Македонија нема ниту една екипи во оваа категорија… Уште еден доказ околу тоа што и како работат македонските клубови, посебно оние најголемите, со најмладите генерации. Повеќе од четири години Вардар и Шкендија се под водство на моќни спонзори, но останува прашањето што вистински оставаат за иднината, најпрво за себе а потоа и за македонскиот фудбал.

А, интересно токму оние клубови, не одејќи подалеку, но анализирајќи го соседството, кои имаат континуирани репрезентативни успеси и во најмладите конкуренции се со најголем број најмлади екипи во Европа. Во најмладите 100 екипи на Стариот континент, Хрватска има дури седум екипи, Словенија е со шест екипи, а Србија е со пет екипи. Во оние најмладите 100 се и најдобрите хрватски клубови, Динамо Загреб и Хајдук Сплит.

Меѓу земјите со најмлади фудбалски екипи е и Украина која добро е познато дека е производител на висококвалитетни млади фудбалери, како и Словачка и Белгија. Најмлада екипа во Европа има украински Стал со просечна возраст од 21,67 години, втора е НАЦ Бреда со 21,96 а на третото место Локомотива Загреб со 22,37 години. Колку за споредба, просечната старост на првиот состав на Шкендија е 28,2 години, а на Вардар – 28,1 години.

КОМПЛЕТНАТА ЛИСТА НА НАЈМЛАДИТЕ 100 ЕКИПИ ВО ЕВРОПА:

Najmladi ekipi vo Evropa

Се вчитува...