Македонија победи и на трибини, „фалангата“ слави (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Со ваква поддршка од нашите навивачи моравме да победиме“, Никола Митревски и оддаде признание на „фалангата“ по големата победа на македонските ракометари против Словенија. Ракометарите славеа на терен, Фалангата се радуваше на трибини и уште еднаш покажа дека е најдобрата публика во Европа. Се силеа Словенците дека ќе бидат побројни, поблиску се до Загреб. Но, македонската фаланга не се откажа ни овој пат од својот ракометен поход. И ги победи Словенците на трибините во „Арена“.  „Црвено-жолтите“ беа побројни од „зелените“, беа погласни и на крај заслужено беа посреќни.

Ракометарите заслужуваат честитки, а македонската фаланга заслужува уште многу радости и во Загреб и после на познат терен во Вараждин.

Се вчитува...