Македонија урнек за брз напредок: ФИФА го истакна нашиот „јуриш“ на листата

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја истакна Македонија како урнек за брз напредок и мотив за останатите селекции како од речиси самото дно со добра работа и успешни резултати можат повторно да се вратат на позициите што им припаѓаат. „Ролеркоустерот“ на Македонија продолжува и во 2018 година, потенцира ФИФА, најавувајќи дека „црвено-жолтите“ сега како носители во групата Д од Лигата на нации имаат и многу поголеми аспирации.

На стартот од 2017 година фудбалската репрезентација на Македонија имаше рекордно лош рејтинг на листата на ФИФА, рангирана на 166.позиција. Но, одличните резултати во изминатиот период ја вратија Македонија на 73.место.

„За десет месеци, напредок од 93.позиции“, истакнуваат од ФИФА, тоа секако е напредок за почит.

Се вчитува...