Македонија веќе виде финале, Вардар пред трофеј во Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во повеќе од драматичен натпревар, онака како што доликува за двете најтрофејни екипи во Македонија, Вардар обезбеди финале во Купот на Македонија со минималниот триумф од 31-30 над Металург во Битола. Иако, непретенциозно, слободно може да се каже дека Македонија веќе го виде финалето во годинашниот ракометен Куп!

„Металурзите“ покажаа повеќе од сериозна желба и мотив да слават против големиот фаворит. Имаа дополнителна потешкотија на патот на остварување на својата цел по раното исклучување на најдобриот свој играч, Обрадовиќ, но и покрај тоа не се откажуваа до последната секунда…

На крајот победи посреќниот тим, или ако сакате оној кој го има Арпад Штербик на голот… Вардаровиот чувар на мрежата во финишот одбрани два седмерци и три зицери, сосема доволно за финале утре против домаќинот на Купот, Еурофарм Работник!

[new_royalslider id=”650″]

Се вчитува...