Македонски новинар ги собра Ѓорѓевиќ, Раѓа, Пешиќ…

Дел од легендарната кошаркарска генерација на поранешна Југославија се собра вчера во Белград, на одбележување на големиот јубилеј – 30-годишнината од освоената титула за светски прваци за играчи до 20 години освоена во италијанскиот град Бормио. Мора да се истакне дека целокупната идеја на овој проект е дело на македонскиот новинар Живко Здравковски, врз основа на која е снимен филмот „250 Скалила“ режиран од Владимир Курчубиќ.

„Чест ми е што се реализираше оваа идеја, а јас иницирав снимање на еден врвен документарец како сеќавање на извонредна кошаркарска генерација“ – вели Здравковски.

Премиерата на филмот се одржа вчера, присутен беше и самиот Здравковски, а во публиката се најде Светислав Пешиќ, како и Александар Ѓорѓевиќ, Дино Раѓа, Мирослав Пецарски, Славиша Копривица и уште неколку кошаркари од таа славна генерација.

„Голема чест е да ги познавате овие момци, јас од нив научив многу, исто како и од тренерот Пешиќ. Огромно задоволство ми е што сум овде, глупави сме што не се најдовме и порано да се собереме“ – истакна Дино Раѓа пред публиката во Белград.

kosarkari bormio

Александар Ѓорѓевиќ не можеше да ги сокрие солзите по завршувањето на филмот.

Ова беше мелодраматична комедија. Го говорам тоа со солзи во очите, полн со среќа и гордост поради сите овие луѓе, и оние кои не се овде со нас. Најгорди сме што сме искрени пријатели“ – истакна Ѓорѓевиќ, поклонувајќи се пред публиката на кариерата.

Се вчитува...