Македонски судија му донесе среќа на МЗТ Скопје

Вообичаена пракса во АБА-лигата е официјалните лица да не доаѓаат од земјите од каде се екипите, но тоа „непишано правило“ беше „прекршено“ денеска на дуелот меѓу Цибона и МЗТ Скопје.

Меѓу тројцата арбитри се најде и Македонецот Игор Митровски, кој одлично си ја заврши работата, но и му донесе среќа на македонскиот првак, кој конечно ја прекина серијата слаби игри и по 11 порази во низа стигна до победа во АБА-лигата.

Се вчитува...